Не мора да ги подготвите овие чоколадни срциња за саканиот, може да ги направите и за себе. Дајте си малку љубов и време за себе.
Потребни состојки:
– 200 гр мелени ореви
– 150 гр шеќер во прав
– 100 гр мелени бисквити
– изрендана кора од 2 портокали
– 100 гр путер
– малку рум
– чоколада за глазура, по ваш избор.
Подготовка:
Измешајте ги состојките и направете тесто со малку рум. Работната површина премачкајте ја со шеќер и расукајте кора. Со модлици исечете срциња. Оставете малку да се стегнат па прелијте ги со растопена чоколада.