ШоуБиз

Chris Brown исфрлен од дискотека!?

Според наводите на весникот „The New York Post“, Chris Brown е исфрлен од еден ноќен луб во Лас Вегас бидејќи го изгубил своето трпение.

Раперот станал aгресивен откако не му успеал обидот да импресионира една група девојки во дискотеката. Очевидците велат дека Brown станал „видно вознемирен“ кога девојките на кои им платил неколку шишиња шампањ отишле на друга маса.

–          Раперот им пријде на момците кои седеа на другата маса и почна да ги напаѓа. На еден почна да му се дере и да го пцуе. Изгледаше како да сака да се тепа, a по тој настан обезбедувањето го исфрли од дискотеката, – била изјавата не еден сведок.

Иако гласноговорникот на Chris нема дадено коментар за инцидентот, претставници од дискотеката го потврдиле настанот.

Напиши коментар