ШоуБиз

Chris Hemsworth стана татко!

Thor стана татко!

Да, да, добро прочитавте. Актерот Chris Hemsworth (28) и неговата жена, актерката Elsa Pataky (35) го добија првото заедничко бебе.

Новородената ќерка ја именувале India.

–          Ја сакаме земјата, а особено името, – изјавил актерот.

Овој брак беше склучен во 2010 година, а кога шпанската убавица Pataky остана бремена, неколку пати потенцираше во медиумите дека Chris ќе мора да го усоврши шпанскиот, бидејќи таа планира на бебето да му зборува само на шпански јазик.

–          Веќе му кажав на сопругот: „Побрзај со учењето шпански или нема воопшто да нѐ разбереш за што зборуваме“, – изјавила Elsa во тоа време.

Епа, честитки за ѕвездата од огромниот хит „The Avengers“.

Напиши коментар