Како да ја опишеме најновата колекција на Жан Пол Готије??? Па едноставно, како да е излезена од некој филм.
Многу пирсинзи, остри рабови и интересна комбинација на материјали, бои и стилови, и оваа колекција покажа дека фантазијата на Готије оди многу подалеку од воспоставените стандарди.
Она што посебно инспирира кај оваа колекција се хулахопките во навистина интересни принтови, како и интересните чевли кои го надополнуваат комплетниот стајлинг.












