Познатиот актер Дејвид Аркет, познат од филмовите „Вресок„ отвори свој клуб на кој му го даде името од својата мајка која го користела додека работела како пин ап девојка и модел.
Освен тоа четириесет годишниот актер во клубот ги закачил фотографиите од својата мајка, која била фотографирана гола, и се тоа со цел да го покаже воодушевувањето и почитта кон неа и нејзиниот успех.

Сеуште не е позната реакцијата на неговите сестри Розана и Патриша.
Луѓето ми се чудат што сум ги закачил голите фотографии од мајка ми на ѕидовите за да ги гледаат сите. Таа по оваа работа стана советничка за брак и семејство. На овој начин јас ја покажувам почитта кон нејзината младост, изјавил Дејвид.

