Prison brake

Чудни но успешни начини да стигнете до пари

  1. Работа од улица: Иако изгледа невообичаено, деловно облечен човек да шета по улица и да бара работа, ова всушност се покажало како успешно во неколку случаи. За време на протестот „Окупирај го Wall Street“ еден од луѓето кои протестирале, само го сменил знакот „Одете по ѓаволите, 1%“, во „Ве молам да ме вработите, 1%“. Девојката веднаш добила работа ( не е занемарлив фактот дека таа била и доктор на науки по Биохемија). Но таа не е единствена. Еден асистент во правна фирма ја добил работата држејќи знак на улица во ударните часови, кога има метеж.
  2. Интернет продажба: Продавањето предмети преку интернет е далеку од нова активност. Но, понекогаш е доста тешко да се дефинира „премети“. Често може да се сретнат работи како „дух во тегла“, или пак „мастиката на Бритни Спирс“, нешта кои добро се продале на eBay. Но, некои од работите се продале и по неколку пати. Така на пример, Ирецот Пет Бурк продавал кал, додека пак едно момче сакајќи да си ги плати студиите продавал веб страна „Million Dollar Homepage“ страна со милион пиксели, каде секој пиксел бил за продажба по цена од 1 долар. На крајот тоа излегло како страна со мешавина од реклами, за која сите сакале да платат.
  3. Продавање совети: Работа од соништата за секој што сака „да се прави паметен“. Работата е „животен тренер“, и се состои во тоа да им се кажува на луѓето што да прават, а тие всушност да слушаат. Не треба посебни квалификации, нема посебни одговорности, само давање совети за кое се плаќа. А како ова да не е доволно лесно, уште и не мора да се смислуваат советите, туку може да се дозволи клиентот сам да дојде до заклучокот.
  4. Тетовирање: Ако си мислевте дека достоинството нема цена, сте се излажале. Можеби ќе се чувствувате подобро со тој одговор, но има неколку луѓе кои не одговориле така а сепак се чувствуаат како победници. Така една жена истетовирала веб страна на своето чело, и за тоа добила 15.000 долари. Ова не е единствениот случај за такво нешто. Овој потег стана популарен, па повеќе луѓе почнале да го практикуваат.

Напиши коментар