Art & Crafts

Чудни употреби на микробрановата печка

Имате микробранова печка која ја користите само за затоплување на јадењето и за ништо друго, несвесни дека нејзината употреба е повеќекратна…

Грешите… а ние сме тука да ви дадеме неколку пример плус како да ја употребите вашата микробранова печка.

Напревете чипс

Можеби не верувате дека е возможно, но во микробрановата печка можете да подготвите вкусен чипс од компири. ( Погледнете во делот мојата кујна )

Го стерилизира кујнскиот сунѓер

Сунѓерите се плодно тло за бактерии. Тој е бактериолошки најнечистиот дел од кујнскиот прибор. Влажниот сунѓер го греете во микробарнова печка не подолго од 2 минути и на тој начин ќе уништите 99% од бактериите на него.

Сварете зеленчук на пареа

Не само што е полесно од користење на рингла туку е и многу поздраво. Колку подолго и на поголема температура го варите зеленчукот толку повеќе се губат хранливите материи, особено витаминот С. Во микробановата печка варењето е побрзо и на пониска температура, а на тој начин губењето на хранливите материи е сведено на минимум.

Побрзо нараснување на тестото

Микробрановата печка е идеална за брзо нараснување на тестото. Потребно е само да ставите шолја со вода малку да постои во микробрановата печка, ќе ја извадите чашата, ќе го ставите тестото и тоа ќе нарасне за час.

Варена риба

Ако спремате месо во микробранова печка нема да добиете ништо поубаво од „ѓон на кондура“. Меѓутоа ако варите риба, микрабрановата печка е идеална за тоа. Едноставно зачинете ја рибата, обмотајте ја во фолија за печење која може да се користи во микробранова печка и варате 2 минути(зависи од јачината на микробарновата печка) на најјако ниво. Пазете да не ја преварите.

Мирисот од риба е сведен на минимум.

Напиши коментар