Дестинации

Чудото на Мојсеј

Островот Џиндо, во Јужна Кореја е местото каде што се наоѓа еден од најголемите светски феномен- Чудото на Мојсеј. Феноменот го открива и автентичниот изглед, но и фактот дека два пати годишно, за време на мала плима патот долг 2,8 километри и широк 40 метри, открива обединување на островите Jindo и Modo . „ Чудното“ кај овој феномен е фактот што истиот настанува без разлика на брзината на брановите. Како сведоци, годишно ова место го посетуваат илијадници луѓе кои во меѓувреме имаат прилика да ги видат уникатните морски „сувенири“.

А тука е и легендата за овој Корејски феномен. Селото Jindo пред многу години  било нападнато од тигри, а луѓето биле исплашени. Сите, освен некоја старица која се молела на Богот на морето, бидејќи била беспомошна. Старицата се молела Господ да направи пат од кој таа ќе се спаси од жедните и гладни опасни животни. До ден денес, феноменот се докажува два пати годишно. Направете чекор и уверете се…

 

Напиши коментар