Убавина

Чудотворната симбиоза од мед и канела

Многу одавна жените разбрале дека комбинацијата од природен мед и канела има неверојатна сила. Еве неколку области во кои можете да го приложите овој еликсир и да се насладите од резултатот.

За сјајна кожа – една лажица мед со половина лажичка канела се мешаат добро до потполно изедначување. Нанесете ја смесата врз добро исчистена кожа. Оставете да делува 5-10 минути и потоа измијте со млака вода. Комбинацијата е одлична при сува и проблематична кожа.

За свеж здив – ако наутро си ја миете устата со раствор направен од мед и канела растворени во млака вода ќе имате свеж здив во текот на целиот ден.

За релаксација – докажано е дека консумацијата на чаша вода со една лажичка мед и малку канела ја зголемува виталноста и силата на организмот за повеќе од 24 часа. Добро е течноста да се прима после 17 часот кога заморот во организмот се зголемува.

Напиши коментар