Убавина

Чупање со конец

Ова е првичниот начин на вадење на влакненцата кој има потекло од индиската и персиската култура. Оваа метода е многу популарна во Индија и на Истокот. Во арапскиот свет е позната под терминот “Khite”, а во египет се вика “Fatlah”. Во персија кога една девојка ќе започне да ја користи оваа метода тоа значи дека таа е веќе во светот на возрасните, дека повеќе не е дете.

Ова чупање се прави со помош на два памучни конци кои претходно се испреплетуваат на посебен начин. За разлика од пинцетата со овој начин може да се отстранат цел ред влакненца. Оваа метода е одлична за жените со чувствителна кожа.

Напиши коментар