Здраво тело

Цимет за здравје и бистар ум

Се наменски зачин чија употреба некои места во светот се користи подеднакво како за солени така и за благи јадењаи напитоци.

Неговиот мирис предизвикува уживање на сетилата а со тоа, но не само тоа, циметот делува позитивно и на здравствената состојба на човекот.

Повеќето студии покажуваат дека редовното консумирањето на  циметот го намалува нивото на холестерол и шеќерот во крвта. Циметот е помага при екстремни габични инфекции на телото, доколку медицинските средства не се од корист, тогаш циметот е идеалната замена.

Универзитетот во Копенхаген презентираше неверојатни резултати. Имено кај пациентите на кои им бил дијагностициран артритис, болките кои секојдневно ги чувствувале исчезнувале во рок од месец дена со секојдневна консумација на една кафена лажица цимет и мед во вечерните и утринските часови.

Доколку го додадете циметот во храната, ќе успеете да спречите голем број на бактериски инфекции. Исто така мирисот на циметот ја намалува главоболката и влијае позитивно врз помнењето и когнитивните функции.

Козметичката индустрија се повеќе го користи циметот и неговите позитивни ефекти врз кожата на човекот. Циметот се повеќе се користи во парфемите, кремите,сапуните и други производи за нега на лицето и телото.

Напиши коментар