Здраво тело

Цитрон… плодот на здравјето!!!

Студии спроведени од американски научници потврдија дека цитронот е магичната формула за здраво непце.

Така, само 2 цитрона на ден се доволни за обнова на непцето, а најголемата придобивка од него ќе ја почувствуваат оние кои имаат проблем со крвавење на непцето. Големото присуство на витамин Ц делува благотворно особено кај пушачите, кои во голема мера го оштетуваат непцето. Само една чаша цеден цитрон е доволна да ги замени сите дневни потреби за витамин Ц.

Цитронот е добар  и за намалување на телесната тежина. Создава чувство на ситост, има малку калории и киселини кои ги топат масните наслаги. Со тоа, цитронот има директно дејство и на намалување на инсулинот во крвта. Стручњаците исто така советуваат и дека оние кои имаат зголемено ниво на холестерол, мора да консумираат цитрон.

И смирувачкото дејство е придобивка од ова вкусно овошје. После испитувањето, спроведено од американските научници, сите личности кои го консумирале цитронот имале значително покачување на нивото на серотонин, хормонот кој го буди чувството на среќа.

Кога веќе ја знаеме магичната формула за нашето здравје…останува само да ја примениме…

 

Напиши коментар