ШоуБиз

Clooney и Obama заедно на кошарка :)

Еден ден по вечерaта, организирана со цел собирање средства за претседателската кампања, чиј водител беше George Clooney и на која биле собрани 15 милиони долари, Obama и Clooney се релаксирале со кошарка.

На свеченоста, која се одржала во куќата на Obama, присуствувале околу 150 гости, а цената на влезниците била 40.000 долари.

Следниот ден политичарот и актерот одиграле неколку пријателски дуели, а веднаш потоа, претседателот на САД се упатил кон Невада. На Clooney и Obama им се придружил и Tobey Maguire како и членовите од рекреативниот центар кој се наоѓа во близина на хотелот во Беверли Хилс, каде бил сместен Barack.

–          Секако дека победивме јас и Clooney, но на крај сите сме победници бидејќи никој не се повреди, – изјавил претседателот.

Инаку, тој е голем љубител на кошарка и за викенди често знае да заигра со членовите на неговиот кабинет и пријателите од Вашингтон. Познато е дека за време на изборите, за среќа, секое утро го гаѓал кошот со баскет.

Напиши коментар