ШоуБиз

„Coldplay“ ќе ги затворат Параолимписките игри во Лондон!

На еден од најпопуларните бендови на светот, британците од „Coldplay“ им припаднала честа да настапат на церемонијата за време на затворањето на Параолимписките игри во Лондон.

„Coldplay“ на сцената ќе се качат на 9-ти Септември во склоп на церемонијата со назив „Фестивал на пламенот“. Фронтменот Chris Martin објаснува дека на бендот му е многу драго што ќе соработува со организаторите на Параолимписките игри.

–          Тоа ќе биде една од најзначајните ноќи во нашите животи и многу сме возбудени што ќе настапиме на последната вечер кога ќе се затвори Лондон 2012!

Игрите започнуваат на 29-ти Август, 17 дена по завршувањето на Олимписките игри.

Напиши коментар