Одличен луксузен комплекс кој е лоциран на екстремно живописно катче од Сејшелите. Бујна вегетација и зеленило насекаде околу, пред вас тркизните води и белите песеци, а за она што го нуди резортот и неговиот раскошен изглед не треба многу да се објаснува, доволно е само да ги разгледате фотографиите подолу во галеријата. Совршена дестинација и дефинитивно одмор од соништата.

















