ШоуБиз

Courtney Love против Мапетовци!

Вдовицата на Kurt Cobain е критички настроена кон Мапетовците. Courtney Love е бесна бидејќи Мапетите во новиот филм ја пеат песната на „Nirvana“ насловена како „Smells Like Teen Spirit“. Рокерката тврди дека таа е единствена сопственичка на песните од својот покоен маж, но прашање е дали според закон тоа е навистина така.

Love пред неколку години ги продала правата на половина каталог од својот покоен маж и неговата група на издавачката куќа „Primary Wave“, бидејќи била во финансиска криза. Но, изгледа заборавила на тоа, па сега сака да се пресмета со продуцентите на Мапетовците.

Издавачката куќа дала согласност за преработка на песната, но рокерката јавно изјавила дека тоа е „силување на спомените на Kurt“.

Напиши коментар