Здраво тело

Црешата – моќен природен лек

Здравствените стручњаци, вистнската цреша ја нарекуваат „ природен лек од дрво “, бидејќи се извор на витамини кои ја зајакнуваат отпорноста на организмот, го подобруваат варењето, го ослободуваат срцето…Богати се со билни пигменти кои го спречуваат настанувањето на брчки и целулит.

Освен што поттикнува убав изглед, ова овошје благодарение на заштитните киселини и овошниот шеќер, ја подобрува работата на желудникот, цревата и панкреасот, а со самото тоа и варењето.

Црешите имаат големо количество на витамин С и цинк, кои се многу важни за отпорноста на организмот, потоа, фолна киселина за здраво срце и крвоток калциум за коските и железо за крвта.

Црешите го исфрлаат вишокот на вода од организмот, го ослободуваат срцето, крвотокот, го активираат црниот дроб и бубрезите. Антибактериските супстанци во црешите го спречуваат создавањето забни наслаги, можат да го спречат настанувањето на кариес и проблемите со непцето, како парадонтозата…

Напиши коментар