Убавина

Црна сенка на поинаков начин

Црната сенка може да ја употребите за да постигнете заводлив и мистичен поглед. Тоа ќе го сторите на многу едноставен начин, а доволно ќе биде само да го погледнете ова видео.

Оваа шминка е одлична на свечени прилики, за вечерните излегувања и кога сакате да освоите со поглед. Инспирацијата за оваа шминка е добиена од филмовите на Тим Бартон.

Најпрво нанесете пудра на лицето, и таа нека биде за нијанса до две посветла од вашата кожа. Убаво прекријте ги сите недостатоци и црвенила. Ставете коректор на подочниците. Потоа на очите ставете црно моливче, па темно виолетова, темно кафена и црна сенка за очи. Убаво исенчајте. На крајот ставете повторно црно моливче и многу маскара.

Напиши коментар