Здраво тело

Црвена – боја на здравјето

Во пролет и лето може навистина да уживаме во убавиот вкус на црвеното овошје и зеленчук. Тие ја добиваат бојата од една состојка наречена ликопен.

Кога станува збор за црвените плодови тешко да е да се каже кој од нив е најкорисен. Црвената боја, ликопенот беше истражувана со години, од сите црвени овошја и зеленчуци. Заклучокот е дека токму овој пигмент е одличен сојузник во борбата против сите видови на рак.

Доматите се издвојуваат посебно во оваа група на црвени плодови, иако не може да се каже дека другите многу заостануваат зад него. Доматот е одличен за здравјето на срцето. Ги намалува маснотиите во крвта, ја спречува појавата на рак на грлото на матката, одличен е за кожата, го спречува стареењето, ги лечи изгорениците…

Уживајте во вкусот на црвеното овошје и зеленчук, а здравјето ќе ви биде подобрено и без да направите нешто посебно.

Напиши коментар