Црвениот фустан ќе ја издолжи целата фигура, како и деколтето во V израз. Струкот нагласете го со потемни бои.
Бои за виткост
Холивудските ѕвезди често се одлучуваат за фустани во црвена боја за важните настани и премиери. Всушност, ако и веруваме на хромотерапијата, која се занимава со проучување на влијанието на боите врз организмот, тогаш сите кои сакаат да ја вратат виталноста и да ослабат, се препорачува да носат црвена боја. Освен црвената, стилистите препорачуваат жените да носат сина, виолетова и беж боја, бидејќи овие бои одлично ги прикриваат сите недостатоци и создаваат илузија за повитко тело. Боја што треба да се избегнува е белата, бидејќи таа визуелно ве проширува.
Добитни комбинации
Доколку горниот дел од телото ви е поситен од долниот, тогаш можете да облечете бела блуза, но ова не смеете да го правите доколку имате големи гради, раменици или вивки околустомакот, затоа што белата боја дополнително ќе ги акцентира.
Силните бои привлекуваат внимание на делот од телото каде што се носат, па доколку сакате да го сокриете стомакот, одберете блуза со неутрална боја, а панталоните нека ви бидат во некоја жива боја како зелена, розова или жолти. Ако сте покрупни во долниот дел, сменете ја обратно оваа комбинација на бои. Не комбинирајте светла блуза со темни панталони доколку сакате да постигнете ефект на витка фигура, бидејќи оваа комбинација ќе ве направи пониски од она што сте.

Модни додатоци
Крупните, полни жени треба да одберат чанти со средна големина, впечатливи огрлици и големи часовници, бидејќи прават одличен баланс на заоблената фигура. Тие треба да избегнуваат многу ситни детали, како и мали и огромни чанти.
Деколтето издолжува
Доброто деколте ќе ви помогне да ја издолжите фигурата, затоа најдобро е да бид во V израз бидејќи повеќе им прилега на пополните жени.
Линии и принт
Ако сакате да изгледате послаби, носете вертикални, а не хоризонтални линии. Што се однесува до облеката со принт, најдобро е да не ја носите ако сакате да изгледате витки. Комбинацијата што може да ве спаси доколку сакате принтови е шарена блуза и темни панталони или здолниште кое ја прати линијата на телото.
