ШоуБиз

Цвеќе за помирување за Angelina Jolie :)

Jennifer Aniston заборава и им ги простува грешките и гревовите на поранешните ривалки. Кога Angelina Jolie и Brad Pitt објавија дека се верени, Jennifer одлучила да ги заборави чувствата кои некогаш ги гаела кон Брад и да им честита.

–          Jen сакаше да покаже дека има големо срце, па на Jolie ѝ прати цвеќе во вредност од 1000 долари, – тврди извор близок до актерката.

Angelina на почетокот имала сомнежи во врска со мотивите на Jennifer, што е оправдано со оглед на тоа што двете актерки последен пат разговарале пред три години.

Сепак, на крај, Angie одлучила да ѝ се јави на поранешната соперничка и да се заблагодари за убавиот гест. Наводно договориле и ручек во Лондон!

Напиши коментар