Мода

Цвеќиња и препознатливи графички дизајни во новата колекција на Марија Катранзу

Марија Катранзу, добитничката на престижната награта British Fashion Award, ја изработи својата најнова колекција, и тоа повторно за Топ Шоп.

Катранзу ја претстави својата колекција за престојната пролетна сезона токму под познатиот британски „high street“ бренд, за кого досега веќе има направено две колекции. Овојпат доминираат фустаните, хеланките, кошулите и блузите со графички цветни дезени, кои веќе станаа препознатлив знак на оваа дизајнерка.

„Соработувам со Топшоп веќе трет пат, и ова е навистина интересно за мене. Од самиот почеток тите ја подржуваат мојата работа, па за оваа колекција дадов се од себе. Беше навистина забавно и едвај чекам да ги видам девојките на улица облечени во мојата облека. Навистина сум горда на својата колекција“, вели Катранзу.

Колекцијата е составена од 10 парчиња и секое од нив е прекриено со препознатливите дезени на Катранзу. Оваа колекција веќе е достапна во продажба, а цените на облеката се движат од 47 до 418 евра.

Напиши коментар