Таа е актерката кои многумина ја сметаат за најпосакувана жена на светот, а таа има проблем да си најде дечко…
Мила Кунис 28, минатата година ја прекина девет годишната врска со актерот Меколи Калкин, и од тогаш тврди дека е сама, иако ја поврзуваа со Ештон Качер и Џастин Тимберлејк.
Ако ми се јави некој дечко да ме покани на состанок, јас не знам кај би можеле да одиме. Изгледа нигде, колку и да сакам. Се трудам да бидам нормална девојка, но да најдам дечко во мојава ситуација е речиси невозможно, секогаш некој ме следи. Состанокот на крај ќе се сведе на “криенка” и не може да се видиме еден со друг од криење и бегање од папараците.
За деветгодишната врска вели дека е “виновна” што е денес нормална жена, и жена со став.
Да и помогнеме на Мила да си фати дечко, на неа навистина и “треба” помош.