ШоуБиз

Да не беше кокаинот, „Аеросмит“ не ќе беа она што се!

Во едно интервју во емисијата на Елен ДеЖенерес, Стивен Тајлер открил дека една од работите која има помогнала на „Аеросмит“ да успеат во музичката индустрија е користењето на дрога и алкохол.

–          Мислам дека да не беше кокаинот немаше да успееме да свириме во секоја држава во САД и тоа по девет пати во рок од седум години.

Зборувајќи за неговата зависност, судијата на „Американски идол“ вели дека веќе неколку години е трезен и дека повеќе не користи никакви дроги, но дека зависноста во тоа време му била неопходна за да го издржи притисокот кој им го наметнувал врвот во музиката.

–          Во таа работа за жал нема крај. Завршуваш или со смрт, или во затвор или полудуваш!

Напиши коментар