ШоуБиз

Да не го заборавиме роденденот на Тоше Проески!

Дали е коинциденција или чиста среќа за нас, но токму роденденот на Тоше Проески се совпаѓа со еден од одлучувачките мечови на Македонија во ракомет и тоа против селекцијата на Србија.

Тоше од секогаш знаеше да каже дека најголема желба му е светот да чуе за Македонија и можеби токму на овој ден, кога тој требаше да наполни 31 година, дел од неговата желба ќе стане реалност – светот ќе чуе за нашата пожртвуваност, за нашето широко срце и храброст.

И после повеќе од четири години, раната од неговата смрт никако да залечи. Секогаш ќе се сеќаваме на неговите песни и неговата идеа за промоција на нашата земја и музика. Денес ќе беше негов роденден кој верувам и тој би сакал да го прославиме со насмевка на усните и надеж за подобро утре за сите нас.

Нека ти е вечно името и почивај во мир, ангелу!

Напиши коментар