Кјара Симонели, психолог од Рим, за италијанското списание „Natural Style“, говори за разводот. Таа навеедува три причини поради кои една жена би требало веднаш да побара развод и три ситуации кои не бараат моментална реакција. Прочитајте ги нејзините препораки и споделете го Вашето мислење…
Размислете добро пред да побарате развод во следниве ситуации :
– Целото семејство советува развод секогаш кога ќе се пожалите дури и за најмалиот брачен проблем. Не дозволувајте семејството да влијае на Вас, најверојатно Вашиот сопруг не бил омилен од многу порано. Одлучете се за конструктивни решенија, добри и за Вас и за него.
– Откривте дека Ве изневерувал ? Сигурно ќе Ви биде тешко да преминете преку ова и да ја заборавите ситуацијата, но да се уништи целиот брак поради само една епизода, навистина нема смисла. Мислете на позитивните страни на Вашата врска и немојте да инсистирате на детали, повеќе ќе се повредите…
-Добивте унапредување и би сакале Вашиот сопруг да се грижи за децата, но тој се однесува ноншалантно??? Лути сте бидејќи сте убедени дека тој најмногу би сакал да останете дома? Не се откажувајте ! Имајте трпение и пробајте со насмевка и најдобро што можете, да го организирате Вашето и неговото време. Децата, како и да е, растат…
Не чекајте ни момент за да побарате развод ако :
-Тој има друга и покрај сите обиди, не ја остава. Ви кажува дека Ве сака, но дека тоа е друга љубов…Оставете го ! И Вие имате право на љубов !!!
-Заедно сте само поради децата, а секој од Вас си има свој живот. На овој начин само ги повредувате децата кои се сведоци на трауми и го чувствуваат недостатокот на љубов, растејќи со погрешен пример на односи, кој може негативно да влијае на нивните идни врски.
-Пие и постојано е агресивен, физички и психички? Побарајте помош и разведете се што порано, првенствено поради почитта што ја имате сами спрема себе. Трпејќи ги ваквите ситуации, само ќе се уништувате.
Во фазите на додворување и првата заљубеност, личностите даваат сé од себе да го задоволат партнерот и да се покажат во најдобро светло. Во бракот, секој се опушта и го покажува своето вистинско лице. Тогаш, на површина испливуваат разликите во карактерот и целите, страста се намалува, почнува борба со рутината и се случува заљубување во друга личност. Проблемите можат да настанат поради внатрешни несогласувања или поради парите.
А која е според ВАС доволната причина за развод ?
Зошто постојано се зголемува бројот на разводи ???
