Motherhood

Да си играме заедно !

Децата се мали сонциња…

кои носат  карактерен код од моменот на зачнувањето !!!

Изборот на играчки, начинот на кој што се забавуваат, многу кажуваат за тој запишан код, односно какви карактерни особини тендираат развојот и исполнувањето во возрасна личност.

Родителот е оној кој треба да го следи детето во растењето и развојот и да му помогне да се пронајде и да покаже што може, преку играта.

Играта е работа за најмалите, играта е облик низ кој детето најдобро учи.

Играјте си со Вашите деца за да откриете како функционира нивниот свет.

За да дознаете што ги прави весели, што ги плаши, што ги растреперува, што ги растажува.

Читајте им на децата, така што низ содржините кои ги слушаат и прашањата кои ги поставуваат, ќе го запознаете шаренилото на нивната душа.

Запознајте ги Вашите деца преку игра !

Напиши коментар