Доколку имате проблем со боите и не знаете со која боја да се
нашминкате ,сметам дека е правилно најпрвин да сватите како се
чуствувате па потоа да ја нанесете соодветната боја. Исто така изборот на боја има улога и во тоа каков впечаток оставате и каков сакате да оставите. Токму затоа овој пат ви го даваме значењето на боите кои ги користите при шминкање.
Симболика на мејкап боите
Црна – софистицираност, сексапил, моќ ,авторитет, страв и непознато, формалност, елегантнција, престиж, перспектива и длабочина.
Сина – Дистанца, свежина, спокојство, длабочина и стабилност, доверба, лојалност, мудрост, самодоверба, интелигенција, вера, вистина и рај, знаење, моќ, интегритет и сериозност.
Кафена – Мајка Земја, удобност, топлина, длабоки емоции и искрени чувства, доверба, прегратка, позитивни вибрации, вечност, верност, сензуалност и исконски сексапил.
Сива – Меланхолија, бура, импулсивност, бурна страст и огромни емоции, стабилност, метална цврстина, студ, дистанца, недопирливост, мистичност, длабочина.
Зелена – Пролет, мир, раст, хармонија, свежина и плодност, стабилност и издржливост но и недостаток на искуство, наивност, чиста душа.
Жолта – Сончева светлина, радост, среќа, интелект и енергија, сензуалност, сексапил, примамливост, неодолив шарм.
Портокалова – ентузијазам, фасцинација, среќа, креативност, решителност, атракција, успех, охрабрување и поттикнување, сила и издржливост.
Виолетова – Кралство, богатство, достоинство, спиритуалност, моќ, благородност, луксуз и амбиција. богатство и екстраваганција, мудрост, достоинството, независност, креативност, мистерија и магијата, романтични и носталгични чувства.
Црвена – оган, војна, трагедија, опасност, гнев, страст, енергија, сила, моќ, одлучност, копнеж и љубов, море од нескротливи емоции, експлозија на женската сензуалност и нескротлив сексапил.
Розова – Љубов, вистина, здравје, позитивен дух, индивидуалност, нескротливост, рушење граници, моќен темперамент, необуздана енергија и постигнување на посакуваното.
Бела – Чистота, вистина, зима, светлина, мир, невиност, добрина, издржливост, чисти емоции, вера, вистинска љубов, среќа, дарежливост, внимание, наклонетост, успех и благослов.
