ШоуБиз

Britney му ја „летна“ од „X-Factor“ :)

Britney Spears со воодушевување била пречекана на нејзиното место во жирито на популарното шоу „X-Factor“, но за жал, воодушевувањето не траело многу долго.

Наводно, пејачката бесно истрчала од аудицијата во Остин откако еден од натпреварувачите го искасапил нејзиниот хит „Hold it against Me“. Поради тој испад, останатите четири натпреварувачи морале да настапат пред само тројца членови на жирито: Simon Cowell, Demi Lovato и L.A. Reid.

Britney, која на аудицијата се појавила во розев фустан, подоцна решила да ја оправда својата реакција на Твитер:

–          Britney си отишла од аудицијата?! Ве молам луѓе, само излегов да земам малку воздух. Се забавувам како никогаш досега!

Како не би се забавувала кога за овој ангажман доби десет милиони долари.

Напиши коментар