Иако малата Блу Ајви се роди пред само две недели, нејзините славни родители веќе размислуваат на нејзиното образование. Бијонсе сака Блу да порасне во Тексас, но Џеј Зи повеќе го сака Њујорк.
– Тие не губат време кога станува збор за клучните години во кои Блу треба да се оформи како личност. Џеј Зи сака малата да порасне во Њујорк и е во потрага по најдобрите училишта. Сепак, Бијонсе сака да ја израсне ќерката во услови во кои и таа самата пораснала, – изјавил извор близок на парот.
Освен тоа, славниот пар веќе пронашол дадилка која треба да ја научи малата Ајви барем три светски јазици.