Убавина

Дали „ смеете “ да излезете ненашминкани ???

Најголем број жени, шминката ја доживува како некоја „ заштитна маска“ и кажува дека без неа, се чувствува голо, кажува британско истражување,спроведено преку сајтот „Vitality Show“.

Дури половина од 3000 испитани жени изјавиле дека без шминка би се појавиле без шминка само пред најблиската фамилија, партнерот и најблиските пријатели, а 91% не би отишле на состанок без да се нашинкаат, и по цена да го  испуштат и „ вистинскиот “.

Според ова истражување, ненашминканото лице претставува голем извор на стрес за повеќето жени кој по интензитет е еднаков на стресот предизвикан од страв од говор во јавноста или стрес за интервју за работа.

Скоро две третини од жените се плашат на работа да одат ненашминкани, а околу 70% од нив тврдат дека не би сакале да ги видат нивните колешки од работа без фризура и дотерана коса.

Многу жени, дури и сметаат дека би добиле „ етикета “ доколку се појават ненашминкани, а со тоа, дека би биле дискриминирани. Истражувањата покажуваат дека жените кои се шминкаат делуваат како работнички од доверба, дека имаат натпреварувачки дух и се симпатични.

Голем процент од поубавиот пол, тврдат дека стануваат порано од својот партнер, за да се спремат, а тоа просечно, одзема 21 минута. Речиси 31% од испитаниците не одат во теретана без шминка, а секоја шеста не би отворила врата доколку е ненашминкана.

Кај некои несигурност, кај други „ објективно прикривање “, кај некои навика…
Која е Вашата причина?

Дали добро се чувствувате без шминка ?

Напиши коментар