Здраво тело

Дали бананите дебелеат?

Ова овошје на организмот му дава енергија и долготрајно чувство на ситост.

Како и секое друго овошје, бананата е нискокалорично овошје кое идеално за меѓуоброк или за појадок. Бананата е извонреден извор на калиум, цинк, витамини А, Б, Ц, органски влакна и брзо е разградлива. Поради големата количина на овие влакна таа дава чувство на ситост, а многумина кои се на диета ја избегнуваат затоа што мислат дека бананата дебелее.

Претерувањето со било која храна може да доведе до дебелеење. Па така е и со бананата. Таа содржи многу мала количина на вода, нема маснотии, но има голема количина на јаглехидрати. Па така ако ја јадете во големи наместо енергија ќе се здобиете со голема количина на шеќери, кои ако не ги потрошите нормално е дека ќе ве здебелат.

Нутриционистите советуваат да се јадат банани, но најдобро е ако ги косумираме наутро и при тоа да избегнуваме други намирници кои содржат голема количина на шеќери.

Напиши коментар