Мода

Дали би носеле фустан од вино?

Во модниот свет од ден на ден, се почудни нешта се појавуваат. До сега се сретнавме со многу работи, но ова е нешто сосем поинакво. Станува збор за фустан од вино. Австралиските научници пронашле начин како од вино да направат ткаенина.

Тие користеле една врста на бактерија која алкохолот го претвара во ткаенина од целулоза. Со неа се обмотувате околу целото тело и имате фустан без ни еден раб.

Но, фустанот не е така совршен. Мириса на алкохол, тешко е да го облечете и соблечете…

Напиши коментар