Мода

Дали би облекле нешто вакво???

Австралискиот моден дизајнер Џејмс Лилис ја шокираше јавноста со својата креација за наредната пролет, која е наменета само за оние најсмелите и најоткачените, како на пример Лејди Гага.

Станува збор за хеланки исцртани со мускулите на човечкото тело, односно изгледаат како воопшто да немате кожа. Овие необични хеланки ќе ве чинат околу 60 евра. Освен овие хеланки, ќе забележите дека трендот за наредната пролет изобилува со чудни и необични парчиња облека, наменети само за оние најхрабрите.

 

 

Напиши коментар