ШоуБиз

Дали Demi Moore и Ashton Kutcher ќе се смират?!

Demi Moore во ноември, минатата година изјави дека ќе се разведува од Ashton Kutcher, но никогаш не го направи тоа. А, после овие случувања, можеби и никогаш нема да си го одржи зборот.

Според наводите на неименуван извор, тие двајца најверојатно ќе се смират во блиска иднина. Двојката се сретнала на роденденската забава на заедничкиот пријател Yehude Berg.

–          Кога се сретнаа се прегрнаа и така стоеја цела минута. Сеуште се сакаат и можеби ќе се смират. Нивното барање на развод моментално не се процесира, – изјавил изворот.

На забавата, актерот одржал говор, а очите му се насолзиле кога кажал дека направил доста грешки во животот.

–          Минатата година направив страшни грешки, – биле неговите зборови.

За време на вечерта, Demi и Ashton имале доволно време да поразговараат, а следниот ден актерката на својот Твитер напишала:

–          Сите правиме грешки. Не дозволувајте тие да бидат причина да се откажете од некого. Некогаш мора да ги сакате луѓето од дистанца и да им дадете простор да се соберат.

Напиши коментар