Дру Баримор е забележана како излегува од ординацијата на еден доктор во Беверли Хилс, а во рацете држела парче хартија кое наликува на сонограм резултати. И тука веднаш на сцена стапува прашањето: Дали Дру е бремена?
Еве ги и фактите:
Дру е свршена со Вил Коплеман (34) кој е консултант за уметност, а ја побара Баримор за жена пред неколку месеци.
Дру беше прилично возбудена околу прстенот и свршувачката.
За жал, нејзиниот портпарол одбил да коментира во врска со наводната бременост. Но, тоа во никој случај не е демант.
Па, дали треба да ѝ честитаме на идната мајка?