ШоуБиз

Дали Џони Деп ја „смувал“ Џоли?!

Долгогодишната партнерка на Џони Деп, Ванеса Паради е уверена дека актерката и режисерка Анџелина Џоли ѝ ја украла љубовта на нејзиниот живот…

Во последно време многу се пишува за тоа дека Џони и Ванеса се на работ на раскинување и дека сè поретко се заедно. Во почетокот се пишуваше дека причината за кавгите е актерката Ева Грин со која Деп работеше на филмот „Темни сенки“, а овој пат се појавија шпекулации дека Џони ја изневерил својата партнерка и мајка на неговите две деца со Анџелина Џоли.

Ванеса била убедена дека љубениот ја изневерил со Анџелина додека заедно го снимале филмот „Туристот“. Се зборуваше дека на самото снимање се гледале искрите меѓу нив и дека и двајцата не можеле да ги скротат дивите карактери, па се впуштиле во љубовна авантура.

Ванеса не сакала Џони да снима со Анџелина, но тој не ја послушал. Засега никој од актерите не искоментирал ништо по повод овие гласини.

Напиши коментар