Најновото пејачко откритие кое ја воодушеви буквално цела Велика Британија е 17-годишниот Џонатан Антоан. Со својот моќен глас оставил силен впечаток и кај жирито и кај публиката.
Симон Ковел е уверен дека на лондонското шоу за аудиција „Britain’s Got Talent“ ја пронашол новата Сузан Бојл, која овој пат е машко.
Џонатан на аудицијата пристигнал со својата партнерка Шарлот Џаконели, а Ковел сметал дека партнерката само му смета на Џонатан, па го советувал да настапи сам. Сепак, Џонатан не сакал да настапи без партнерката.
– Дојдовме тука како дует и така ќе останеме.
Засега, тие влегле во вториот круг, а снимката од аудицијата сеуште не е објавена. Затоа пак, ЈуТјуб е преплавен од изведби на младиот и надежен Џонатан.