Motherhood

Дали тоа е крајот за вашиот брак?

Има неколку работи на кои треба да се посвети внимание. Успорете и осигурајте се дека имате доволно размислено за следниот чекор.

Еве пет прашања кои треба да си ги поставите пред да побарате развод од вашиот партнер.

1. Дали размислувам нормално?

Или мојот мозок е заматен од интересот за друга личност, средовечната криза или слободниот живот? Знаеме дека кај луѓето кои имаат афера постои промена во мозочната хемија. Промената во мозочната хемија предизвикува неверојатни чувства на еуфорија или верба дека конечно е пронајдена сродната душа. Како и кај сите нови врски, оваа промена не трае долго. На крајот смиреноста и нормалноста се враќаат. Само за време на смиреното и нормално мозочно функционирање може да размислувате за развод.

Истото важи и за средовечните кризи. Во одредена фаза од животот на возрасните, често се јавува период на запрашување “што ако?” и психичко или реално играње со идејата за истражување за слободен живот и нови врски. Доколку ова ви се случува и вам, промената на брачниот статус може да не е решението на проблемите. Постојат многу разни начини за истражување на промените. Прекинувањето на бракот е прилично драстичен потег.

2. Дали сум направил/а се што можев?

Дали отворено сте разговарале со партнерот? Дали сте побарале советување и сте биле одбиени, па сте тргнале по свое? Дали сте го промениле своето однесување наместо да го повторувате старите одговори и реакции? Повеќето проблеми во бракот обично не се резултат на однесувањето на личноста. Истражувајќи и препознавајќи го вашиот дел во проблемот може да доведе до промената која ја барате од вашиот брак.

3. Дали ја повторив приказната на нашиот брак?

И свесно одбивам да го осознам доброто во врската поради бесот и нерешените грижи? Дали пронајдов некој “подобар” поради кој на бракот гледам на негативен начин кој е нереален?

Кога се откажувате од желбата да останете во брак, често се откажувате од позитивните страни на бракот. Мислите и сеќавањата имаат тенденција да се движат само кон негативноста и ги заборавате сите добри причини за да влезете во врската и да останете таму колку што е потребно.

Кога верувате дека ќе поминете низ се, тогаш можете да го пронајдете патот заедно.

4. Дали ги истражив нормалните фази од бракот?

Во однос на тоа каде сум или каде сме сега? Дали го знам вообичаениот тек на бракот и како јас и мојот партнер се вклопуваме во тој тек? Дали имаме проблеми кои се вообичаени за паровите во нашата фаза од животот и бракот? Дали знам што направиле другите за да го најдат својот пат низ кризата?

Има мала вистина во старата поговорка за “7 годишна шуга” и за “синдромот на празно гнездо”. Разбирајќи и препознавајќи го феноменот може да направи вистинска разлика во тоа како гледате на вашиот брак.

5. Дали сум размислувал/a што ќе му кажам на децата за завршувањето на бракот?

Што би сакал/ла да знаат за оваа одлука? Дали ќе сметаат дека сум се откажал/ла? Што сакам да мислат за мене, или за нас, на крајот од бракот?

Размислете да ги напишете вашите одговори на овие 5 прашања. Ставете ги настрана една седмица и потоа повторно извадете ги. Како што ќе ги читате, разгледајте ги длабински вашите мисли за разводот пред да направите таква драматична одлука.

Напиши коментар