ШоуБиз

Дали Ева Лонгорија е бремена?!

Изминатиов викенд, Ева Лонгорија е забележана како се шета низ Лос Анџелес. Во прилично лежерно издание таа отишла во посета на еден козметички салон, а потоа си зела храна за носење од некој попатен ресторан.

Папараците не можеле, а да не го забележат нејзиниот заоблен стомак и веданш се запрашале да не случајно секси актерката го чека своето прво дете од дечкото Едуардо Круз. Помладиот брат на Пенелопе Круз веќе некое време е заедно со Лонгорија и двајцата изјавуваат дека се среќни и благодарни што се пронашле еден со друг. Тие се запознале кратко време откако Ева се разведе од Тони Паркер.

Останува да видиме дали Ева е навистина бремена, или само малку се здебелила.

Напиши коментар