Art & Crafts

Дали ги миете Вашите заби правилно?

Често знае да се каже што и да е – од забите е .Новите истражувања покажуваат дека  ако забите се мијат правилно, забниот кариес, како болест, би исчезнал за две генерации.

И сега…како всушност му доаѓа правилното миење заби ?

1. Се препорачува секоја половина од вилицата да се подели на три дела: големи катници, помали заби и секачи.

2. Притисокот на четката од десно наспроти ивицата на забот, треба да биде мек, за истата да не се оштети.

3.Повлечете ја четката кај десниот катник на долната вилица со меки движења. Не ја враќајте, туку подигнете ја од забот и тоа повторете го 10 пати.

4. Сето тоа повторете го на другата страна и на горната вилица.

5. Исчистете ги страните на помалите заби, секогаш држејќи агол од 45 степени.

6. Исчистете го јазикот со мали остри движења.

Доколку сте во можност, забите прво исчистете ги со забен конец па со четкичка. Така полесно ќе ги отстраните парчињата храна.

Во служба на здравјето, вреди да се проба!

Напиши коментар