ШоуБиз

Дали Gisele Bundchen е бремена?

Низ странските медиуми се прошири веста дека една од најубавите жени на светот најверојатно го очекува своето второ дете.

Фудбалерот Tom Brady можеби наскоро ќе стане татко по трет пат. Неговата жена, бразилскиот топ модел Gisele Bundchen (31) наводно им кажала на своите колешки дека е бремена. Луѓето што работат со неа, исто така забележале мали промени во нејзината фигура, па ако сите овие гласини се точни, моделот треба да се породи на зима.

Brady веќе има два сина: John Edward Thomas Mynahan (4) од поранешната жена и Benjamin Rein Brady (2) од Gisele.

Засега нема официјална потврда за бременоста на Gisele, а нејзиниот гласноговорник не е достапен за коментар.

Напиши коментар