ШоуБиз

Дали ја препознавате Posh?

Откако Victoria Beckham од пејачките се реши да заплива во дизајнерските води, на себе испроба повеќе различни стилови. Сепак, нејзините фанови останале зачудени кога ја виделе Victoria трансформирана на овој начин.

Се работи за насловната страна на кинеското издание од списанието „Harper’s Bazaar“ за кое дизајнерката се сликала со огнено, црвена боја на коса.

Меѓутоа, Beckham не била доволно решителна за ваков потег, па признава дека се работи за перика. Фановите искоментирале дека оваа промена кај Victoria воопшто не им се допаѓа и дека на сликите, таа изгледа како самошто да излегла од некоја видеоигра.

Во интервјуто, модната дизајнерка изјавила дека таа е обична жена која најмногу сака своите модели да ги испробува на себе.

Write A Comment