ШоуБиз

Дали Katy Perry е навистина загреана за моделот?

Изгледа дека работите постепено се загреваат помеѓу пејачката Katy Perry и моделот Baptiste Giabiconi.

Двојката за која од неодамна се шпекулира дека е заедно повторно се појавила заедно пред објективите на папараците, но не биле сами и не можело да се забележи блискост меѓу нив. Настанот се случил во Париз, каде Katy била поздравена од Karl Lagerfeld на кој моделот му е главна инспиративна муза.

Сепак, за време на целата вечер, Baptiste бил во близина на пејачката и да се надеваме дека не ја користи само за да привлече внимание на себе и на тој начин да се прослави во медиумите. Пејачката засега нема дадено никаков коментар. Што мислите вие?

Напиши коментар