ШоуБиз

Дали Lima и Jaric се во брачна криза?

Според написите на медиумите, Marco Jaric и неговата жена, топ моделот Adriana Lima се наоѓаат во брачна криза. Инаку, тие го очекуваат своето второ дете за неколку месеци.

Причината поради која медиумите почнале да шпекулираат околу наводно разделување на овој пар се нивните написи на Твитер. До пред две недели, сопружниците објавувале заеднички фотки и постојано се допишувале преку Твитер, а во последно време нема ни трага од таа љубов преку социјалните мрежи.

Adriana не го спомнува Marco во написите, а тој пак, имал прилично ироничен коментар во врска со написот на еден сајт за хуманитарната работа на Limа.

–          Добра приказна, лоша реалност!

Инаку, парот ја продава и куќата во Лос Анџелес, за која порано изјавија дека никогаш не би ја продале,поради спомените кои им ги носи.

Напиши коментар