ШоуБиз

Дали Lopez ќе банкнотира со љубовникот?

Врската со Casper Smart не ја одобруваат многу од пријателите на Jennifer Lopez. Тие сметаат дека тој само ја користи поради нејзината слава и пари.

Иако во младиот танчер Lopez најде утеха и рамо за плачење по разводот од Marc Anthony, нејзините пријатели мислат дека тој само ја уништува неа и нејзината кариера, па дури и дека ја искористува.

–          Нејзините пријатели сметаат дека Casper ја користи како карта преку која би дошол до слава и богатство. Штом ќе се збогати, веднаш ќе ја остави Jennifer. Се плашат дека Jenn ќе остане со скршено срце, – изјавил близок извор на пејачката.

Наводно, пејачката ја задоволува секоја, па дури и најмалата желба на својот многу помлад дечко. Троши многу пари на него, а тој ги користи нејзините врски за да се пробие во животот.

Напиши коментар