ШоуБиз

Дали Miley Cyrus навестува можна свршувачка? :)

Изминатиов викенд актерката и пејачка Miley Cyrus се појавила во еден прекрасен вечерен фустан со боја на праска, но она што привлекло најмногу внимание кај присутните и папараците било парчето накит кое го носела на својата лева рака. Се работи за дијамантски прстен кој Miley претходно го покажала на својот Твитер.

Таа сакала да се пофали со најновиот маникир, но невозможно е да не се забележи ексклузивното парче накит. Ова веднаш ја разбудило имагинацијата кај обожавателите ширум светот и сега сите се прашуваат дали можеби Miley и Liam Hemsworth одлучиле да ја донесат врската на едно повисоко ниво.

Нивните портпароли сеуште се немаат огласено со официјална изјава, а пријателите на парот велат дека нема никаква свршувачка. Инаку, двојката е заедно од 2009 година.

Напиши коментар