По сè изгледа, Џорџ Клуни одлучил да продолжи понатаму со животот и позади себе да остави уште една расплакана убавица.
Навистина изгледаат како најсреќен пар на светот додека позираат на црвениот тепих на разни премиери и свечености, но вистината е сосема поинаква.
Познато ни е на сите дека Клуни и не е некој обожавател на долги врски, дека менува девојки како чорапи, па овој пат изгледа и на Стејси Киблер ѝ помина рокот.
Еден извор близок на Клуни изјавил дека актерот не го врзуваат некои силни емоции кон сегашната девојка. Наводно, тој им открил на своите пријатели дека е готов да ја прекине полугодишната врска со Стејси, но дека сеуште не знае како да ѝ го каже тоа без да ја повреди.