ШоуБиз

Дали на „Оскарите“ ќе се носат креации на Викторија Бекам???

Деновиве се шпекулира дека Викторија Бекам забрзано работи на креакците кои на престојната церемонија на доделување на оскарите ќе ги носат Камерон Дијаз, Гвинет Палтроу и Шарлиз Терон.

За секој дизајнер најголема чест и успех претставува фактот дека некој избрал нивна креација за доделувањето на најпрестижната гилмска награда. Доколку шпекулациите се вистина, тогаш за Викторија Бекам тоа претставува огромно признание за досегашната работа.

И досега некои нејзини пријателки носеле креации на гала настани, но Викторија Бекам за прв пат ќе се претстави како моден дизајнер на Оскарите. Се шпекулира дека Викторија работи без престан за нејзините клиенти да изгледаат навистина гламурозно на овогодинешните „Оскари“, кои ќе се оддржат на 26 февруари.

 

Напиши коментар