ШоуБиз

Дали Натали Портман тајно се венчала?!

Дали замислата на Натали Портман била суптилно да ја сподели новоста со над еден билион гледачи или ова е само случајност?

На црвениот тепих, за време на доделувањето на Оскарите, актерката носела венчален прстен, а нејзиниот свршеник, кореографот Бенџамин Милпјед исто така бил сликан со бурма на раката. Е, сега на сцена стапува прашањето: Дали Натали и Бенџамин тајно се венчале?

Засега ова останува неразрешена мистерија бидејќи нивниот портпарол засега нема искоментирано ништо по повод овие гласини.

Во декември, 2010 година, Натали изјави дека со Милпјед се свршиле без да кренат прашина и дека очекуваат син, кој се роди минатиот јуни и беше именуван Алеф.

Напиши коментар